20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Турски тек не губи на динамиката

Путин: Турски тек не губи на динамиката

putin gas

Проектот „Турски тек“ им одговара на интересите на Русија и Турција, не губи на динамика, но треба внимателно да се разгледа, рече рускиот претседател Владимир Путин.

„Не можам да се согласам со тоа дека „Турски тек“ го губи замавот. Толку голем проект не може да се развие и да се усогласи одеднаш“, рече Путин во интервју за агенциите Интерфакс и Анадолија.

Тој појасни дека проектот има многу правни, економско-технички, технолошки и организациски прашања, вклучително и бројот на линии на гасоводите, земајќи ги во предвид реалните потреби во смисла на купување и транспорт на гас, кои треба да бидат решени заедно со турските колеги.

„Ако поквалититетно ги одработиме овие прашања, ќе можеме побрзо, со помали ризици и губење на ресурси, да го реализираме планираното, да обезбедиме непречена испорака на гас директно до турските потрошувачи. Главно е овој проект во полна мера да им одговара на интересите на Русија и Турција. Во тоа се согласувам со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган“, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП