19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти 20 години во дресот на Рома

Тоти 20 години во дресот на Рома

toti

Легендата на Рома, Франческо Тоти,  денеска го одбележува 20-годишен јубилеј во италијанската Серија “А”.

Фудбалерот дебитираше за „римската волчица” на 16-годишна возраст на 28-ми март 1993-та година на натпреварот против Бреша. Тој остана верен на својот матичен клуб и за две децении во дресот на римјаните реализира вкупно 295 гола, од кои 226 во Серија А, со што го зазема второто место на вечната листа на најдобри стрелци во италијанското фудбалско првенство.

Тоти и помогна на Рома да стане шампион во 2001-та година, а со репрезентацијата на Италија ја освои светската титула во 2006-та година. Оваа сезона тој има 11 гола во 26 натпревари за „римската волчица”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП