25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ги намали прогнозите за економскиот раст, дали останува лидер во регионот?

Македонија ги намали прогнозите за економскиот раст, дали останува лидер во регионот?

mk

Народна банка на Република Македонија ја ревидираше последната проекција за економски раст за оваа година од 4,1 отсто на 3,2 отсто.

И покрај намалување на бруто домашниот производ (БДП), НБРМ и понатаму очекува солиден економски раст.

За следната година НБРМ очекува економски раст од 3,5 отсто, а за 2017 година четири отсто.

Растот за оваа година, според НБРМ, главно ќе се базира на извозот и инвестициите, а дополнителен придонес ќе има и личната потрошувачка.

Кога станува збор за инфлацијата, НБРМ истакна дека за оваа година ќе биде близу нулата, а за 2016 ќе има корекција и ќе изнесува 1,5 отсто.

Со првичната проценка на економскиот раст, нашата држава беше лидер во регионот, ќе видиме дали така ќе остане до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП