29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Условена препорака за Македонија, напредокот зависи од пржинскиот Договор

ЕК: Условена препорака за Македонија, напредокот зависи од пржинскиот Договор

ekevropskakomisija298

Европската комисија (ЕК) смета дека напредокот на Македонија кон ЕУ се наоѓа на критична точка и земајќи го предвид напредокот кој беше направен досега во имплементацијата на Договорот од јуни и јули годинава, Комисијата ќе препорача земјата да ги отвори пореговорите за членство, се вели во соопштението објавено од ЕК по повод извештајот од оваа европска институција.

Препораката ќе биде условена со имплементацијата на Пржинскиот договор и остварливиот напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети, а сево ова ќе биде разгледано по изборите, додаваат од Комисијата.

Во својот извештај Комисијата, исто така, потенцира дека меѓуетничките односи остануваат кревки, и дека случувањата во изминатата година го покажале значењето на проактивните мерки кои треба да се преземат за да се решат овие прашања, истовремено градејќи поголема доверба меѓу заедниците и комплетирање на Охридскиот рамковен договор.

Од ЕК се осврнуваат и на спорот со името, порачувајќи дека одржувањето на добрососедските односи и изнаоѓањето на решение за проблемот со името остануваат од најголемо значење.

Во поглед на економскиот критериум, ЕК смета дека Македонија е на добро ниво во развивањето на функционална пазарна економија и дека стабилното макроекономско опкружување и солидната монетарна политика се од корист за земјата. Сепак, од Комисијата, исто така, ја потенцираат и високата стапка на невработеност, односно 28 проценти и порачуваат дека средствата од Буџетот треба да се насочат кон растот и вработувањата.

Во однос на правото и правната рамка, од ЕК сметаат дека земјата има релативното добро усогласување со европското законодавство, и дека фокусот сега треба да биде ставен на административните капацитети и ефикасната имплементација. Во повеќето области земјата е средно подготвена, вклучувајќи ги тука областите на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Од Комисијата додаваат дека потребни се дополнителни напори во оние области каде земјата е во раната фаза на подготовки, како што се слободата на движењето на работниците и климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП