20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГалакси S4 мини излегува во текот на летото

Галакси S4 мини излегува во текот на летото

mini

Самсунг ќе ја лансира мини верзија на својот најнов паметен телефон Галакси S4, но во јуни или јули.

Како што е соопштено од страна на бројни портали, уредот ќе има 4,3 инчен „AMOLED qHD“ дисплеј со 256 пиксели по инч, додека „dual-core“ процесорот ќе работи на 1,6 GHz.

Новиот Галакси Мини S4 ќе имаат Android OS 4.2.2. и ќе се произведува и во варијанти за две „SIM“ картички.

Галакси S3 Мини доаѓа на пазарот многу подоцна од моделот во оригинална целосна големина. Сепак, тој постигнува добри продажни резултати, што не е изненадувачки со оглед на речиси идентичниот дизајн, но со пониска цена во споредба со Галакси S3.

Подучени од ова искуство, корејскиот производител одлучи мини верзија на актуелниот паметен телефон да им ја понуди многу порано на корисниците.

Цената во моментов е непозната, но може да се очекува да биде повисока од цената на S3 Мини телефонот во моментот на неговото лансирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП