19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги објавува прогрес извештаите за Македонија и западен Балкан

ЕК ги објавува прогрес извештаите за Македонија и западен Балкан

evropska-unija-13

Европската комисија (ЕК) по едномесечно одложување, во вторник попладне ќе ги објави прогрес извештаите за напредокот на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Турција во поглед на евроинтегративниот процес.

Се очекува Македонија седма година по ред да добие препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но со тоа што овојпат препораката ќе биде „условена“ со примената на договорот од Пржино, како и со спроведувањето на реформи во оние области кои Комисијата ги нотира како проблематични.

Годинешните извештаи најверојатно ќе содржат и оценки околу тоа како земјите кандидати, или барем дел од нив, се справуваат со бегалската криза, нешто што ја засегна и Македонија, како дел од западнобалканската рута по кој бегалците се движат кон западноевропските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП