24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБелгиски суд му нареди на Facebook да престане да ги следи корисниците...

Белгиски суд му нареди на Facebook да престане да ги следи корисниците без нивна согласност

Facebook

Белгиски суд во понеделник му нареди на Facebook во рок од 48 часа да престане да ги следи корисниците кои не му дале согласност за тоа, во спротивно ќе мора да плати глоба во висина од 250.000 евра на ден.

Одлуката која како привремена судска мерка ја донесе првостепениот суд во Брисел, се однесува на корисниците на интернет кои не се членови на американската социјална мрежа и кои, за разлика од оние кои имаат профил на Facebook, не ја овластиле оваа мрежа да се користи со нивните податоци.

Одлуката е одговор на тужбата на Комитетот за заштита на приватноста.

Белгискиот суд го оспори користењето на ‘колачињата’, мали датотеки кои ги чуваат податоците и навиките на корисниците на интернет и продолжуваат да ги следат.

Facebook уште порано ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека ги почитува европските закони за заштита на податоците.

Адвокатите на ова социјална мрежа тврдат дека комитетот и белгиските судови не се надлежни во ова област бидејќи седиштето на европската подружница на Facebook е во Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП