20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти

Втора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти

донаторска-средба

Втората по ред донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти, со цел координирање на напорите и акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери, се одржа во понеделник во Скопје.

Вчера, во организација на Секретаријатот за европски прашања се одржа втората по ред донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти, со цел координирање на напорите и акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери.

На конференцијата, во организација на Секретаријатот за европски прашања, свое обраќање имаа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, Аиво Орав амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, Сузана Салиу, Директор на Центарот за управување со кризи, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.

Гости и учесници на настанот беа амбасадорите на земјите членки на ЕУ со седиште во Република Македонија, претставници на меѓународните организации инволвирани во процесот, како и претставници на државните институции.

Во своето обраќање Вицепремиерот Бесими се осврна на конкретните активности кои се превземаат во поглед на координацијата на справувањето со ситуацијата, како и координацијата во поглед на дефинирање на потребите за справување со ситуацијата од страна на институциите.

За време на конференцијата беше истакнато дека е потребна понатамошна меѓународна и европска помош, особено во пресрет на студените зимски месеци, со цел постигнување на достоинствен и хуман третман на сите тие луѓе.

Воедно, беше нагласено дека Македонија прави сè што е во нејзина моќ и останува посветена во исполнувањето на задачите во поглед на справување со овој огромен предизвик, како обезбедување на навремена размена на информации и ефективна соработка, поддршка на бегалците во обезбедување на привремено засолниште, одмор, храна, медицинска заштита, менаџирање на миграциските текови преку обезбедување на целосна регистрација на пристигнувањата, со максимална употреба на биометриски податоци особено отпечатоци од прсти, зголемена гранична контрола, подобрување на полициската и судската соработка како и зголемени активности против криумчарењето мигранти и трговија со луѓе, со поддршка на Европол, Фронтекс и Интерпол.

На крајот на конференцијата Вицепремиерот Бесими им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка, и ги повика и останатите меѓународни и европски чинители да го дадат својот придонес за да може Македонија соодветно да се справи со настанатата состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП