19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА ќе загуби милиони поради резултатите на репрезентацијата

ФА ќе загуби милиони поради резултатите на репрезентацијата

anglija

Англиската фудбалска федерација ќе загуби 26 милиони фунти ако националниот тим не успее да се пласира на Светското првенство во Бразил во 2014-та година.

Фудбалерите на Рој Хоџсон одиграа 1:1 на гостувањето кај лидерот Црна Гора и не ја искористија можноста да излезат на чело во групата Х. Овој резултат во Подгорица ги остави Англичаните на два бода зад Црногорците. Во исто време, Полска и Украина заостануваат со четири поени зад нив, но имаат натпревар помалку.

Покрај тоа што може да го пропуштат Светското првенство за прв пат од 1994-та година, фудбалската федерација ќе загуби многу пари, а во исто време ќе се најдат во ослабена позиција во преговорите за нови спонзорски договори.

Ако се квалификуваат на Мундијалот, Англичаните ќе си обезбедат барем 8 милиони фунти – минималната сума која ја добива секој тим, елиминиран во групната фаза. Неодамна ФИФА објави 33 проценти зголемување на наградниот фонд во споредба со шампионатот во Јужна Африка во 2010-та година.

anglija1

Износот се зголемува до 16 милиони кога ќе се стигне до четвртфиналето, што е разумно очекување за Англија, кога ќе се споредат нивните резултати во последните турнири. Следниот светски шампион пак ќе земе 26.5 милиони фунти.

Според извори од англиската фудбалската федерација тие ќе придодадат најмалку 10 милиони фунти од приходите од авторските права, кои ќе ги добијат од продажбата на дресови.

Освен тоа евентуален неуспех на патот кон Бразил ќе има лош пропратен ефект врз економијата на Велика Британија како целина. Ова ќе се одрази особено на трговците на мало поради традиционалниот скок во продажбата на пиво, храна и телевизори кои се најчесто продавани производи за време на фудбалско првенство.

„British Retail Consortium“ пресметал дека елиминацијата во квалификациите за Евро 2008 во Австрија и Швајцарија jа лишило британската економија од 600 милиони фунти. Друг голем удар ќе биде врз парите од телевизиските права.

anglija2

Фудбалската федерација работи во циклус од четири години при потпишување на спонзорските трансакции, што значи дека овие договори со „Vauxhall“, „Umbro“, „Mars“, „Carlsberg’, „Lucozade“, „Nivea“ и „Marks“ истекуваат на крајот од Светското во Бразил.

„Umbro“, „Mars“, „Carlsberg“ се долгогодишни трговски партнери, што инспирира некое спокојство дека ќе ја продолжат соработката дури ако Англија не успее да се пласира. Сепак нивното трпение не може да биде загарантирано. Тоа се случи со друг од долгогодишните партнери – „Nationwide“, кој се повлече по неуспехот на Евро 2008 и слабите резултати во Јужна Африка.

ФА заработува повеќе од 50 милиони фунти годишно од спонзорските договори, но Најџел Кири, директор на маркетинг компанија „Sport Rapport“, предупреди дека евентуален неуспех во квалификациите може да има сериозни последици.

„Мислам дека штетите ќе бидат многу сериозни, и тоа на неколку фронта. Доколку не успеат да се квалификуваат, тоа сигурно ќе предизвика многу сомнежи во умовите на спонзорите, затоа што светското првенство е навистина огромна можност за добра реклама”, изјави Кири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП