24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна продажба на Ролс Ројс

Рекордна продажба на Ролс Ројс

rolsroyce

Ролс Ројс, чиј сопственик е БМВ, објави рекордна продажба на автомобили трета година по ред.

Продажбата од 3.538 возила во 2011 година, е зголемена на 3.575 продадени возила во 2012 година. На овој 1 отстотен раст е многу помал од претходните 31% и 150% во изминатите две години.

Од компанијата објавиле дека се прошириле во две нови области, вклучувајќи ја и Латинска Америка. Производителите на луксузни автомобили додадоа дека, во минатата година се соочиле со неколку предизвици, помеѓу кои глобалната бизнис несигурност и политичката нестабилност.

Продажбата пораснала за 26 отсто на Блискиот Исток, 21 отсто во Европа, а 18 отсто во регионот Азија-Пацифик. На поголемиот дел од моделите биле додадени персонализирани детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП