29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА125 патенти на Nokia завршија кај Pendrell

125 патенти на Nokia завршија кај Pendrell

PENDRELL CORPORATION LOGO

„Nokia“ на холдингот „Pendrell“ му продаде 125 патенти кои се однесуваат на развој во областа на меморијата. 81 патенти од целиот пакет се однесуваат на стандардите во индустријата, нагласуваат од холдингот. Патентите се предадени на „Helsinki Memory Technologies“ кој е подружница на „Pendrell“ и е создаден специјално за спроведување на трансакцијата.

Од холдингот велат дека стекнатото патент портфолио содржи разработки од изминатите 15 години, вклучувајќи ги мемориските картички SD (Secure Digital), вградени решенија за складирање на податоци и др. Според проценките на експертите, влијанието на пазарот на патентите на „Nokia“ ќе достигне оваа година 12 милијарди долари, а во 2018-та година ќе се искачи на 21 милијарда долари.

„Nokia“ и „Pendrell“ не ја откриваат финансиската страна на зделката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП