19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Катерина Илиевска, Заменик Генерален Менаџер на хотел "Ибис"

Интервју со Катерина Илиевска, Заменик Генерален Менаџер на хотел “Ибис”

bcc

Денар: Хотелот „Ибис“ работи повеќе од половина година.Има ли интерес од странските гости и туристи, кои се најчести посетители?

Кон крајот на месец фебруари, стартуваше приказната Ибис, како што и беше наречен  хотел “feel good”. Се разбира заслужено, имајќи ги во предвид позитивните и убавите впечатоци од нашите гости. Најголем сегмент од реализираните ноќевања им припаѓа на индивидуалните странски гости, но застапени се и туристички групи од сите страни на светот. Интересот за користење на хотелските услуги од ден на ден се зголемува, што резултира со постепено зголемување на искористеност на расположливиот капацитет. Хотелот е дел од групацијата „Акор хотелс“ („Accor Hotels“), хотелски синџир кој е присутен во 92 земји во светот.

 

Денар: И Македонија е на мапата, што значи присуството на овој бренд?

Присуството на овој светски бренд и лидер во хотелиерството во светски размери е само позитивен сигнал и показател дека и Република Македонија се наоѓа на светската туристичка мапа. Комплетната имплементација на стандардите на овој хотелски бренд резултира со довербата која што ни ја даваат нашите гости.

baa

Денар: Што ново нуди Ибис, квалитена услуга или достапни цени?

Станува збор за економичен  хотелски бренд во семејството Accor кој е препознатлив по нивото на услуга и соодветно на тоа, економична цена која во моментов е конкуретна и примамлива земајќи ги во предвид локацијата и сите аспекти од работењето на хотелот. Политиката на Ибис се однесува на економско прифатливи цени од една страна и квалитетна услуга од друга страна што резултира со се поголем интерес не само на бизнис секторот туку и на туристичките агенции.

 

Денар: Нови хотели, развој на хотелиерството, кои се предизвиците во овој бизнис?

Со оглед на се поголемата раздвиженост во овој сегмент како и очекуваниот прилив на гости во периодот што следи, со се поголем број на incoming туристички групи, прогнозите се оптимистички. Конкуренцијата е се поголема, но сепак брендот сам по себе е гаранција за квалитетна понуда на хотелска услуга. Во секој случај, се поголемата присутност на светски познати хотелски ланци ќе доведе до уште поголема афирмација на нашата земја и поголем прилив во овој сегмент. Квалитетната туристичка понуда сама по себе ги отвара вратите за нови предизвици.

bbb

Денар: Кои се плановите на хотелот за развој во иднина?

Следење на потребите и желбите на гостите е основното мото, задоволни и среќни гости повторно и повторно се враќаат.Следење на светските трендови во поглед на дигитализација и постојано инвестирање во алатки кои придонесуваат за олеснета комуникација во време кога мобилноста е особено изразена, а онлајн комуникацијата со гостите е од особено значење. Не изостанува и инвестирањето во човечките ресурси и нивна континуирана професионална надградба. Со еден збор постојана информираност во насока на навремено и паралелно унапредување во сите сфери од работењето. Со навремено и оптимално комбинирање на сите фактори, успехот е неизбежен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП