24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА23 начини како да заштедите 1 час

23 начини како да заштедите 1 час

chas1

Времето често погрешно го проценуваме. И така, дневно губиме по еден или повеќе часови.

Понекогаш се чини дека деновите би требало да траат повеќе од 24 часа, ако сакаме да ги завршиме сите свои обврски на време. Дали некогаш сте анализирале што е „тоа“ што ви го краде времето? Проучете ги и обидете се да примените некои од овие совети – ќе добиете еден час повеќе во денот.

 

1.Групирајте ги работите – отидете во банка, во маркет и во пошта во еден наврат, не во три.

2.Исклучете го информирањето за пораките кои ви пристигнуваат на смартфонот, за да не ви пречат.

3.Скратете го времето кое го поминувате на социјалните мрежи (посебно играјќи игри) за забава.

4.Применете го „3Д правилото“- организирајте, применете и завршете.

5.Запишете курс за брзо читање.

6.Дефинирајте рокови за поединечни задачи користејќи тајмер – ќе работите побрзо ако ги имате на ум роковите.

7.Занимавајте се само со оние работи кои ќе ви ја осигураат посакуваната иднина.

8.Не губете време на симпатичните видеа со животни на „You Tube“.

9.Обидете се што можете повеќе да пазарите онлајн.

10.Не се обидувајте да бидете 100% совршени, кога доволно е и 95%.

11.Поставете си конкретни потсетници и рокови за телефонските повици и состаноци.

12.Поминувајте помалку време во „лелекање“ и оправдување – едноставно направете го тоа.

13.Ограничете го времето за социјални мрежи на 30 минути дневно во точно определен период.

14.Немојте да патувате ако нешто можете да направите преку социјалните мрежи или преку телефон.

15.Комбинирајте ги состаноците со доручекот, ручекот и вечерата.

16.Усовршете го распоредот. Индивидуалните состаноци ограничете ги на 15 минути. Без исклучоци.

17.Следете го своето време и во касичка ставајте по 5 денари за секоја минута во денот која сте ја изгубиле залудно. Искористете ги тие пари кога би анагажирале, на пример, дадилка.

18.Помислите однапред за обврските кои следат по она што веќе го работите, за да почнете на време со новата задача.

19.Филмот кои сте сакале да го гледате снимете го или изнајмете го во видеотека за да не губите време на гледање реклами.

20.Разделете ја задачата во целини- потполно посветете се на проектот 30 минути, па потоа земете 5 минути пауза.

21.Водите сметка за квалитетот на сонот за да бидете одморени и да ја задржите концентрацијата во текот на денот – одете на спиење на време.

22.Пред спиење направете попис на следниот ден – не правете го она што го нема на списокот.

23.Проверете ја ситуацијата во сообраќајот пред поаѓање („Google traffic“ на „Google maps“ е одличен за тоа) и одберете го правецот на кој нема чекање и застој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП