23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал ја менува политиката на работа

Арсенал ја менува политиката на работа

arsenall

Заработката од околу 18 милиони фунти во втората половина од финансиската година во Премиер лигата е голем успех.

Клубот, кој го постигна тоа е Арсенал. „Топџиите“ сепак не можат да се зарадуваат целосно, бидејќи им недостасуваат резултати на теренот.

Ваквата финансиска политика започна уште во 1925-та година со вработување на менаџерот Херберт Чепмен. И така е до денес. Ваквата работа беше прифатена и од Арсен Венгер, кој во текот на годините го доближи Арсенал до германскиот модел на дисциплина, каде сите трошоци се разумно распределени. Но најверојатно Венгер ќе го менува овој стил на работа, затоа што не е задоволен од успесите на тимот.

Мнозинскиот акционер во клубот Стен Кроенке го поддржува францускиот менаџер,  за разлика од другите влијателни сопственици на клубот кои претпочитаат да не фрла многу пари.

Во сликата на успешниот бизнис модел на Арсенал се вклучува и модерниот нов стадион. Со отворањето во 2006-та година „Емирати“ стана сериозен извор на приходи на клубот. Приврзаниците, кои плаќаат највисоки цени на билети во Англија, сепак сакаат успеси. Последната титула на тимот е од 2004-та година, а последниот освоен трофеј е во ФА Купот во 2005-та година.

Една деценија Арсенал изгледаше како да е претплатен за учество во Лигата на Шампионите, каде заработи уште околу 30 милиони фунти по сезона. Оваа година тоа е под знак прашалник, бидејќи тимот е петти на табелата и ја продолжува битката со градските ривали Тотенхем и Челзи. Токму вклучувањето на Тотенхем во големата четворка додава сол во раната на приврзаниците на „топџиите“. Клубот инвестира значителни суми, а успеа да го привлече и младиот менаџер Андре Вилаш-Боаш чија работа дава добри резултати.

“Недостасува доволно амбиција и енергија да се направи нешто тимот да тргне нагоре. Кроенке го поседува клубот, но е надвор од земјата. А повеќето од останатите акционери се над 70 години и немаат некои интересни идеи за нешто да се промени. Изгледа, дека четвртото место е некој голем успех”, рече Тим Пејтон, претставник на една од организациите на приврзаниците на Арсенал.

Извршниот директор Иван Газидис очекува наскоро Арсенал да се претвори во еден од најсилните финансиски клубови во Европа. Минатата година беше потпишан нов договор со „Емирати“ за 150 милиони фунти, а веќе е подготвен и договорот со снабдувачот на опрема.

„Имаме визија за клубот која се потпира на сопствените две нозе, т.е. е зависна од своите ресурси”, рече Газидис.

Истомислениците на Кроенке тврдат дека тој целосно е посветен на клубот и дека го следи со голема страст. Засега бизнисменот ги отфрла можностите да го продаде клубот. Неодамна се појави информација дека инвеститори од Блискиот Исток се подготвени да дадат 1.5 милијарди фунти за да го купат Арсенал.

Додека клубот ја тера строгата политика, навивачите плаќаат билети кои ја преминаа границата од 100 фунти и гледаат како Робин ван Перси го води Манчестер Јунајтед кон титулата. А медиумите во Англија постојано сметаат колку титули освоиле фудбалерите кои го напуштија „Емирати“. Како Цеск Фабрегас, Самир Насри, сега најверојатно и Ван Перси, но и многу други.

Покрај добрите финансиски резултати Арсенал го посочуваат како клуб за пример во иновациите и „финансиски ферплеј“, навивачите се прашуваат зошто барем дел од средствата не одат за донесување на нови фудбалери, кои се докажани имиња. По 17 години на менаџерската функција, Венгер изгледа веќе е подготвен за нов пристап.

“Можеме да го направиме тоа. Доколку имаме можност да си го дозволиме, нема да кажеме “не “. Не сум против трансферите. Доколку најдеме фудбалер од највисок квалитет, ќе го земеме”, рече неодамна Венгер.

Бидејќи тој веќе е свесен дека Арсенал може да е на врвот по финансиска стабилност, но за да биде на врвот и по резултатите, потребни се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП