23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди на две тркала

Ауди на две тркала

AudiMotorradConcept01

Изгледа дека интересирањето на Ауди за мотоциклите не заврши со купувањето на легендарниот италијански бренд, Дукати, на што покажува и новото дизајнерско дело на компанијата од Инголштад.

Луксузниот производител на автомобили и член на Групацијата Фолксваген го претстави Ауди Моторрад, концепт на две тркала кое е дело на француските дизајнери Тибо и Марк Девоз, на кои изработката на моделот од глина им го направи Клемон Куврер.

Според линиите моторот има прилично футуристички изглед и елегантна фигура, а претставува совршена комбинација на нејкед и спортски мотоцикл.

Audi-Motorrad-Concept-6

Предниот дел го карактеризираат ЛЕД светлата меѓу кои е сместен амортизерот, додека дизајнот на алуминиумските тркала многу потсетуваат на актуелните на Дукати.

На страната се наоѓа карактеристичното лого на Ауди, а недостатокот на издувниот систем навестува електричен мотор. Дизајнерите за изработката на овој мотоцикл ги користеа материјалите кои во Инголштад се користат за изработка на автомобилите.

Останува прашањето дали ќе го видиме на улиците овој концепт на Ауди, а многу е голема веројатноста овој проект да го добие знакот на Дукати, но никогаш не се знае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП