25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо Wizzair од Скопје до Гетеборг

Со Wizzair од Скопје до Гетеборг

wizz_plane

Скопје – Гетеборг е новата директна авио-линија од скопскиот аеродром што ја обезбеди  компанија „WIzzair“, најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа.

Со новата авио-врска која ќе почне да функционира од 31 мај, од компанијата очекуват годинава да пренесат 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што би претставувало пораст од 300% во споредба со 2012 година.

Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари  за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.

– Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за шведските клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на WIzzair. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор, вели Џон Стивенсон, потпретседател на WIzzair.

Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството.

До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17:20 часот, со Eрбaс А320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП