18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради кризата на Кипар падна вредноста на еврото

Поради кризата на Кипар падна вредноста на еврото

euro-paricka

Првпат по повеќе од четири месеци, вредноста на еврото денеска падна под 1,28 долари, како резултат на засилените стравување дека планот за спас на Кипар ќе има негативни последици врз еврозоната.

Нешто пред пладне едно евро на Девизната берза во Лондон се менуваше за 1,2789 долари, што е најниска вредност на европската валута во однос на американската од 11 ноември минатата година.

Вчера на затворањето на Лондонската берза едно евро чинеше 1,2861 долари.

Девизните пазари стравуваат дека мерките за спас на кипарската економија, кои вклучуваат драстично преструктуирање на банките на Кипар и оданочување на банкарските заштеди поголеми од 100.000 евра, би можеле да имаат негативни последици врз еврозоната.

Дополнителна неизвесност има и во пресрет на утрешниот ден, кога по повеќе од една недела ќе бидат отворени експозитурите на банките на Кипар, што може да резултира со еветуален наплив на клиентите во обид да ги извлечат своите заштеди.

Покрај ова, иневститорите стравуваат дека кризата со банкарскиот сектор на Кипар би можела да се повтори и во некоја друга земја-членка на еврозоната, а како најризична се споменува Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП