20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција е трета најсиромашна земја во ЕУ

Грција е трета најсиромашна земја во ЕУ

grcija-siromashna

Грција спаѓа во групата земји од Европската унија кои се соочуваат со најмногу проблеми поврзани со сиромаштијата, покажуваат најнови истражувања чии резултати се објавени во Атина.

Во однос на сиромаштијата, од Грција во полоша состојба се само Бугарија и Романија, стои во извештајот на Институтот за економски истражувања со седиште во Келн, јави дописникот на МИА од Атина.

Студијата ја мери сиромаштијата не само според приходите, за кои експертите тврдат дека само со тоа не можат да се опфатат повеќето аспекти кои ја сочинуваат сиромаштија, туку се осврнува и на четири индикатори: изложеност на ризик од сиромаштија (се однесува на оние кои заработуваат помалку од 60 проценти од националниот просек), чувство на сиромаштија, вистинска сиромаштија и можност да се платат трошоците за домаќинството.

Според стандардите на ЕУ, некој се смета за сиромашен ако не може да си дозволи барем три од следните девет точки: да плати кирија, хипотека или сметки за комунални услуги, да го одржува својот дом соодветно загреан, да се соочи со неочекувани трошоци, редовно да јаде месо, риба или протеини, да оди на одмор и да поседува телевизор, машина за перење, автомобил и телефон.

Според извештајот, во 2010/2011 година 26 проценти од Грците биле изложени на ризик од сиромаштија, 22,5 отсто се чувствувале сиромашни, 22 проценти живеат во сиромаштија, а 27 отсто не можеле да „врзат крај со крај“.

Кога сите овие фактори ќе се земат заедно, Грција е на третото место по Бугарија и Романија според стандардите за сиромаштија во ЕУ.

Според истото истражување, најмалку проблеми со сиромаштијата има Данска, а по неа следат Луксембуг, Холандија, Шведска, Финска и Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП