28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуските пензионери работат на црно

Француските пензионери работат на црно

pariz

Во Франција 21.4 проценти од пензионерите работата на црно, а додека седум проценти од француските фирми нe ги пријавуваат вработените, стои во извештајот на банката Акос.

Во извештајот се наведува дека голем број од непријавената работна снага работи како домашна послуга, но и во угостителскиот сектор.

Најголема застапеност на овој вид на работа е пристутна кај сениорите и кај младите.

Секој петти пензионер е ангажиран на некоја работа на црно, додека младите кои невработеноста најмногу ги погодува приморани се да работат и на овој начин.

Се проценува дека 10 до 15 проценти од работната снага во Франција работи на црно, додека тој процент во земјите од Јужна Европа, Шпанија, Италија и Грција е значително зголемен и се движи од 20 до 25 проценти.

Штетата која ја има државата од работата на црно не е голема, поради тоа што таа се надокнадува со индиректното оданочување преку данокот на додадена вредност.

Зголемениот бројот на непријавени работници во Франција има директна последица на постоечката криза, падот на куповната моќ на граѓаните и растот на невработеноста.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП