19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуролинк Осигурување со рекордни резултати во 2012 година

Еуролинк Осигурување со рекордни резултати во 2012 година

eurolink

Согласно ревидираните финансиски резултати за деловната 2012 година, осигурителната компанија Еуролинк Осигурување oствари раст на добивката од 141% во однос на минатата година.

Друштвото оствари рекордно ниво на нето технички резерви од скоро 500 мил. денари, што претставува пораст од 23% во однос на 2011 година,

потврдувајќи ја својата позиција на стабилен и растечки субјект на пазарот на осигурување во Македонија.

Со овие резултати Еуролинк Осигурување ја потврди втората позиција на пазарот на осигурување во земјата, со реализирана бруто полисирана премија од 791,8 мил. денари и заработена премија (нето приходи од премија намалени за реосигурување) во висина од 594 мил. денари што претставува 11% пораст во однос на 2011 година.

На ниво на вупен осигурителен пазар, Друштвото сеуште го одржува приматот во класите: останати осигурувања на имот, осигурување од општа одговорност  и каско осигурување пловни објекти.

Во структурата на бруто полисирана премија, најзастапено е осигурувањето од пожар и други имотни осигурувања со 35%, осигурување моторни возила од авто одговорност со 32%, каско осигурувањето на моторни возила и осигурувањето од незгода со по 12% учество во вкупното портфолио.

„Исклучително сум задоволна од остварените финасиски резултати во 2012 година. Друштвото оствари рекордно ниво на технички резерви, реализираше досега највисоко ниво на бруто полисирана премија, како и на пораст на добивката во однос на претходна година. Резултатите се одраз на исклучителни наши заложби во изминатиот период, кој се одликуваше со значајни економски и финансиски предизвици со кои се соочуваше стопанството во Македонија. Реализиравме бројни нови зафати и проекти  со ангажирање нови технологии за олеснет пристап на клиентите до осигурувањето. Истите го потврдуваат реномето на Еуролинк како исклучително иновативна компанија, а воедно претставуваат поттик за целата индустрија.„ изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП