23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ300 милиони евра за најскапиот стан во светот

300 милиони евра за најскапиот стан во светот

stan

Најскапиот стан во светот кој ќе се најде на пазарот на недвижности во 2014-та година се гради во Монако, а се проценува дека неговата цена може да надмине 300 милиони евра.

Најлуксузниот стан на светот ќе биде изграден во кулата Одеон во кнежеството Монако.

Станот ќе биде на повеќе нивоа со површина од 3.300 квадратни метри со голем базен и тобоган, а почетната цена се очекува да достигне рекордни 300 милиони евра.

Арихитект на кулата Одеон е Александар Жиралди. Кулата е висока 170 метри, а се гради во стилот „Belle Epoque“ кој има почетоци во 20-тиот век и е применуван во Париз, а е полн со оптимизам.

Во највисоката зграда во кнежеството се наоѓаат 70 станови. Во првиот блок е предвидено да има 25 апартмани, а веќе се купени осум станови по цена од 55.000 до 70.000 евра по квадратен метар.

Сите станови ќе имаат поглед кон Монако, плажата Ларвато и кон морето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП