23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо LaCrosse дојде и Regal

По LaCrosse дојде и Regal

regal

„Buick“ го претстави и моделот „Regal“ пред тој да го има официјалното деби на саемот во Њујорк. Овој модел е опишан како спортски и интелегентен, при што поседува еволуционерно унапреден дизајн со модификувани браници и ЛЕД светла.

Во однос на стариот модел можеме да забележиме вентилирана хауба, дополнителни хромирани украси и редизајнирани предни светла. Промените во ентериерот се ограничени, но вклучуваат нов волан за управување, унапредена инструмент табла и ревидирана централна конзола со информационо забавен систем.

regal2

Слично како и „LaCrosse“ и „Regal“ поседува неколку нови безбедносни карактеристики. Под хаубата се наоѓаат два различни типа на мотори. Основниот модел е опремен со 2.4 литарски четирицилиндричен мотор кој развива 182кс и 232нм вртежен момент, како и „eAssist“ системот кој има електричен мотор кој допринесува на дополнителни 15кс и 107нм вртежен момент.

Од друга страна „Regal Turbo“ и „Regal GS“ на купувачите им нудат 2.0 литарски четирицилиндричен мотор кој развива 259кс и 400нм вртежен момент. Овие модели исто така се достапни со новиот „Haldex“ систем за погон на сите четири тркала.

regal1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП