25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПри крај реконструкцијата на Маракана

При крај реконструкцијата на Маракана

marakana

Реновираниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе биде отворен на 27-ми април со пријателскиот натпревар помеѓу тимовите селектирани од поранешните ѕвезди на бразилскиот национален тим, Роналдо и Бебето.

Објектот сепак ќе биде отворен делумно и само 20 илјади гледачи ќе можат да го посетат пријателскиот дуел, бидејќи доработка се очекува да заврши во втората половина на мај.

Реконструкцијата и модернизацијата на легендарниот стадион е вредна 321 ​​милиони евра, а започна во август 2011-та година и веќе е завршена над 92 проценти, соопштија бразилските власти. Над 5000 работници секој ден работат на објектот.

„Маракана” треба да биде подготвена целосно до 24-ти мај, а официјалното отворање е закажано за втори јуни со контролниот натпревар меѓу Бразил и Англија. Стадионот ќе биде домаќин на финалето од Купот на Конфедерациите кое е закажано за 30-ти јуни 2013-та година, како и средбата за титулата на Светското првенство во фудбал во текот на летото во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП