19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse ги купува филијалите на Morgan Stanley

Credit Suisse ги купува филијалите на Morgan Stanley

svis1

Швајцарскиот банкарски гигант „Credit Suisse“ ќе ги купи филијалите на американската банка „Morgan Stanley“ за да управува со капиталот во Европа, на Блискиот Исток и во Африка.

Средствата во филијалите на американската банка кои ги купува „Credit Suisse“ се вредни 13 милијарди долари, а цената за превземањето, кое ќе биде завршено подоцна годинава, не е откриена, пренесува агенцијата „France press“.

Американската банка во Британија, Италија и Дубаи, пред се, услужува многу богати клиенти и управува со нивните средства со големи нето вредности. Тоа работење ќе биде интегрирано во филијалите на „Credit Suisse“, кој ќе се занимава со приватно банкарство и управување со капитал.

Швајцарската банка наведува дека трансакцијата ќе го надополни нејзиното работење при управувањето со капиталот во Европа, пред се во Британија, каде ќе стане една од десетте најголеми компании во таа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП