29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Виолета Ангелковска, Генерален Директор на Хотел Руссија

Интервју со Виолета Ангелковска, Генерален Директор на Хотел Руссија

aab

Денар: Силен развој на спа туризмот во македонија е целта на креаторите на стратегијата за туризам. Како гледате на овој сектор има ли експанзија?

ВА: Wellness претставува една хармонична состојба на здравјето на телото, психата и духот. Се состои од четири основни компоненти: физичка активност, здрава исхрана, ментална активност и лична релаксација. Ова се клучните фактори за развој и унапредување на спа индустријата. За да постигнеме силен развој на спа индустријата во нашата земја најпрво треба да се дефинираат стандардите на услугите кои се даваат на клиентите, потоа да се следи квалитетот на давањето на услугите, да се обезбеди квалитетен маркетинг односно да се информираат клиентите и потенцијалните корисници кои се придобивките од користењето на велнес и спа центрите. Конкуренцијата на странските пазари е се поголема. Барањата на странските гости е насочено кон престој во хотели кои во своите рамки имаат сопствени спа центри. За да станеме конкурентни треба да се насочиме кон давање на различни квалитетни услуги согласно географските, климатските и културните вредности на нашата земја.

 

Денар: Токму спа центарот во хотел Руссиа е изграден по најсовремени стандарди, има ли интерес за него, како фунцкионира?

ВА: Спа центарот кој е лоциран во рамките на хотел Руссиа покрај тоа што е изграден по највисоки светски стандарди, тој работи по француската франшиза на Анне Семонин. Топлиот базен кој е долг 22 метри овозможува целосна рекреација и релаксација. Самиот центар е опремен со турска бања, парна бања, финска сауна, фито сауни и џакузи. Тимот кој работи во нашиот спа центар Anne Semonin – Hotel Russia се високо образовани медицински лица  кои нудат релакс и медицински масажи. Секој наш посетител после првата посета, веќе станува наш редовен и драг гостин. Во овој дел посебно би сакала да го истакнам и нашиот Спортско медицински центар Кинетикус, центар кој работи во рамките на СПА центарот. Во него работи професионален тим кој врши консултативни и дијагностички прегледи, лекување и рехабилитација на пациентите и спортистите. Нашите интерни анализи покажуваат дека 80% од нашите гости за време на својот престој во хотелот го посетиле спа центарот, а 50% од гостите  искористиле третман на масажа.

aaa

 

Денар: Кои се плановите на хотелот за развој во иднина?

ВА: Нашиот примарен план е напредок и висок квалитет на дадените услуги. Најпрво ќе учествуваме на неколку саеми за туризам како во земјата, на Балканот и пошироко, каде покрај капацитетите кои ги нуди хотелскиот комплекс заедно со спортската сала ќе ги претставиме и убавините и можностите за развој на туризмот во нашата земја. Оваа година хотелот се збогати со три нови содржини: Спа центар, Спортско Медицински Центар Кинетикус и Скај бар. Нашето мото е постојано да нудиме некоја нова трендовска и иновативна соржина.

 

Денар: Нови хотели, развој на хотелиерството, кои се предизвиците во овој бизнис?

ВА: Во денешно време, брз начин на живот, динамично темпо на работа, зголемена конкуренција на пазарот сметам дека само со новитет и иновативност во услугите може да се постигне зголемување и привлекување на странските и домашните гости. Во таа насока исто така би сакала да истакнам дека за да можат хотелите да станат атрактивни и конкурентни во споредба со странските хотели, треба да работат на подобрување на услугата кај персоналот. Квалитетната услуга е олицетворение на работата на секоја компанија. Ние напорно и секојдневно работиме на унапредување на нашата услуга следејќи ги светските критериуми и стандарди.  Убедена сум дека во хотелиерството во Р.Македонија има уште простор за развивање и унапредување. Правиме анализа на барањата на нашите гости и истите ги имплементираме на највиско ниво. Исто така би сакала да потенцирам дека особено внимание треба да се посвети и на квалитетот на храната. Ние покрај тоа што нудиме домашна македонска традиционална кујна, интернационални јадења, се прилагодуваме согласно барањата на нашите гости. Растеме секојдневно, се надградуваме и секојдневно се усовршуваме.

aad

 

Денар: Кои се најчести гости во вашиот хотел, кои спортски имиња може да се сретнат во комплексот?

ВА: 95% од нашите гости се странци, а само 5% се домашни гости. Ова претставува дополнителен поттик да уште повеќе го унапредиме нашиот квалитет и ја надополниме нашата услуга. Покрај тоа хотел Руссиа е дом на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар и не ретко се случува нашиот хотел да е исполнет со спортисти. Кај нас претојуваат корпоративни и бизнис клиенти, странски експери, па такашто хотел Русииа е спој на бизнисот и спортот. Кујната на хотелот е специјално опремена и подготвува храна согласно европските стандарди и потребите на спортистите, со определени нормативи кои се поставени од страна на спортски доктор – нутриционист.

 

Денар: Неколку пати хотелот со кој менаџирате добива и награди за работењето. Кажете ни детали?

ВА: Пред се мотивираноста да раководам со еден ваков современ комплекс е една од алактките за мојот успех. Поттик за мојот успех е постигнување задоволство кај вработените што е дополнителен мотив и причина за подобра услуга за нашите гости. Секој задоволен поглед и желба за повторна посета на хотелот Руссиа е наш заеднички успех. Сето тоа е спој на градење на пријателски однос кон вработените, со посебен степен на авторитет. Наградите се важен сегмент во нашето работење. Тие се доказ за квалитетот на нашиот хотел. За време од една година од нашето постоење се здобивме со неколку награди и тоа: Награда за најдобра архитектура за 2014 година, награда за надобар штанд на 5тиот Меѓународен саем за туризам, Награда за најдобар промотор, Признание за најуспешен хотел за 2015 во категорија нова туристичка понуда во хотелиерството и Награда за најдобра спа инвестиција за 2015 (Balkan Spa Awards).

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП