20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвата игра направена во Excel

Првата игра направена во Excel

excel

Кога поминувате премногу време работејќи на „Microsoft Excel“, може на ум да ви падне и нешто забавно.

Канадскиот сметководител, Кери Вокин одлучи да го икористи „Excel“ за да создаде нешто оригинално и ја направи „Arena.Xslm“, фантастичната игра  со потези, која во целост е создадена во „Excel“.

Таа е формирана со помош на „macros“, едноставна програмa и кратенки кои луѓето ги користат за убрзување на програмата.

Целта на играта е да се победи непријателот во арената која е составена од основни и интерпукциски знаци, а борбата е против анаконди, црните вдовици, пајаците и хиените, за што ќе добиете поени.

Вокин изјави дека му биле потребни четири месеци да ја заврши играта и дека постојат повеќе од две илјади различни непријатели, осум големи непријатели, т.н. „кралици” и многу предмети што играчот може да ги собере како би ги засилиле нападот или одбраната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП