29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и...

Интервју со д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и Шеф на одделението за интензивна нега

bbb

Денар: Д-р Софијанова, добивте донација, нов апарат „бебитерм“, како дел од кампањата Шанса за живот. За што е наменет апаратот и колкаво е значењето?

Бебитерм, еден од клучните апарати потребни за интензивното одделение овозможува рамномерно распределување на температурата на бебињата кои се предвремено родени и со компликации. Создава на средина со оптимална топлина потребна за бебињата и со тоа ги заштитува од несакани ситуации предизвикани од несоодветна температура при трансферот од инкубатор во нормална средина. Клиниката за детски болести за првпат добива ваков апарат што е од исклучително значење за нормален развој на бебињата. Досега компанијата ОКТА со кампањата Шанса за живот ни помогна при набавка на нова и сервисирање на постоечката опрема. Ова е трета по ред донација каако резултат од националната кампања која активно ја спроведува компанијата ОКТА, веќе втора година, а ја подржаа голем број на јавни личности,  граѓани и компании.

 

Денар: Како се одвива кампањата со оглед на тоа што трае втора година по ред?

Исклучително сум задоволна од целата кампања и како директор на Клиниката за детски болести и како шеф на Одделот за интензивна нега за каде и се наменети донациите. За период од само две години ние добивме апарати со кои го подигнавме стандардот во лекувањето на најмалите пациенти. Посебно сум задоволна затоа што се работи за софистицирана апаратура од врвни производители која ја има во сите модерни европски и светски болници. Досега добивме нов инкубатор, бебитерм и поситна апаратура која е многу важна во функционирањето на Одделот за интензивна нега.

 

 

Денар: Колку се корисни ваквите кампањи? Какво е искуството кај нас, а какви се сознанијата за функционирањето на јавните здравствени установи во светот?

Иницијативата поттикната од оваа компанија покажа дека деловните субјекти може да направат многу во обединување на граѓаните под една заедничка цел. Како резултат на повикот упатен од компанијата и од нас, се подигна свеста за важноста од доброто функционирање на нашето одделение и овозможување на што подобра нега на предвремено и новороденчињата родени со компликации. Многу сме среќни што Владата најави одвојување на средства за целосно реновирање и опремување на одделот, што покажува дека оваа кампања ја подигна свесноста за проблемот. Во тој контекст, во многу земји во светот, јавните здравствени установи делумно се финансираат од државата, а во многу поголем дел од самите компании,  кои што на тој начин ја покажуваат својата општествена одговорност. Тоа е начинот на кој модерниот свет функционира и кој полека доаѓа и кај нас. Важно е и тоа што оваа кампања ги поттикна и обедини не само граѓаните, туку и нас, самите вработени кои се идентификуваме и целосно се приклучивме и ја подржавме кампањата.

 

Денар: Неодамна кампањата доби поддршка и од Македонската Кошаркарска Федерација, какво значење имаше тоа за кампањата и колкав е придонесот? 

Имав прилика да ги запознам репрезентативците  и морам да кажам дека тоа се пред се едни прекрасни луѓе, кои покрај тоа што се одлични спортисти се и многу хумани луѓе кои ја разбраа целта на кампањата и со цело срце се вклучија во неа. За тоа што го направија, нивните донации и сесрдната поддршка на кампањата има многу големо значење и за целите на кампањата но и за младите генерации чии идоли се. Кошаркарите дадоа пример од кој што ќе учат младите генерации не само за нашата кампања туку и за секој хуман ангажман што ќе се појави пред нив. Искрено сме и благодарни за нивниот придонес во испраќање на пораките на кампањата и се надевам дека многу други  ќе го следат нивниот пример.

bcc

Денар: Како и на кој начин може да се донира преку кампањата Шанса за живот?

За секој кој сака да помогне за целите на кампањата постојат повеќе начини за поддршка и донирање. На постерите и билбордите кои  ги има низ градот ја има наменски отворената жиро сметка за кампањата 200002709659393 за директни донации.  Донации можат да се направат и преку јавување на донаторските телефонски броеви  070/075/077 14 33 33, а може да се донира и преку набавка на гориво од бензинските пумпи на ОКТА од чија продажба се одвојува процент за кампањата.

 

Денар: Каква е состојбата во моментов на Детска клиника односно на интензивното одделение?

Интензивното лекување бара постојано да сте во тек со најновите достигнувања во поглед на апаратура и медицинска едукација. Тоа е поле каде границите се поместуваат секој ден. Ако порано се зборуваше за преживување на предвремено родените од 27та недела, денес во светот границата е симната на 24та гестациска недела. Тоа се оддели каде се случуваат чуда и каде се раѓа животот. Со опремата која ја добивме во склоп на кампањата Шанса за живот, успеавме да донесеме дел од таа софистицирана опрема и значително да го подобриме квалитетот во лекувањето на пациентите. Секако дека има уште многу работа, но затоа сме среќни што ОКТА и понатаму останува наш партнер.

 

Денар: Како директор на Клиниката за детски болести и Шеф на одделението за интензивна нега, досега се забележа вашата безрезервна ангажираност за подобрување на условите на ова одделение. На што друго се работи во моментов?

Мислам дека надвор од секоја дискусија е важноста што интензивното одделение на Клиниката за детски болести ја има и мораме сите, без исклучок максимум да вложиме на оние што вдишуваат за првпат да им овозможиле безбедно и сигурно доаѓање на овој свет. Опремувањето на одделението како што напоменав се комплетира, а во моментов посветено работиме и на подобрување на ургентниот центар. На последниот конгрес на педијатри имавме специјална работилница посветена токму на оваа тема каде педијатрите од целата држава се стекнаа со многу корисни знаења. Таму имавме можност за реанимација на манекени што исто така беше многу корисна. Сите ние ја имаме теоријата, но во медицината често се случува ситуација во која што мора веднаш да реагирате. Оваа работилница беше многу корисна, затоа што на педијатрите им дадовме сигурност кога ќе се најдат во типични ситуации да ги знаат основните потези и основниот начин за транспорт на критично дете до клиниката каде го преземаме ние.

 

Денар: Се одржа 6тиот меѓународен конгрес на педијатри, како сте задоволни од одѕивот и како помина?

Со овој конгрес навистина постигнавме многу. Имавме скоро 700 учесници со многу релевантни и реномирани гости предавачи не само од Европа, туку и од Америка, Велика Британија и Канада. Сето тоа говори дека сме стекнале доверба кај колегите дека на нашиот конгрес може да научат многу и богато да ги унапредат своите знаења. Беа отворени многу теми и прашања што ги засегаат педијатрите но и родителите во врска со имунизацијата односно вакцинацијата, со развојно следење на деца со пречки во развој. Посебен акцент беше ставен на трансплантацијата која беше една од клучните теми, како и ретките болести. Разговорите на таа тема предизвикаа извонредно голема заинтересираност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП