19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗWeber со нов суперавтомобил

Weber со нов суперавтомобил

weber

Веќе следниот месец љубителите на брзите автомобили може да очекуваат нов суперавтомобил. Станува збор за концептот на компанијата „Weber“ кој е наречен „FasterOne“. Возилото е дизајнирано заедно со „BMW“ и „Sauber F1“. Овој концепт го придвижува 5.6 литарски V10 мотор со две турбини кој развива моќ од 1.200кс.

Автомобилот тежи 1.250 кг, а пак неговите димензии се: должина од  4.500 мм, ширина од 2.040мм и висина од 1.150мм. Моќноста се пренесува на сите тркала преку шестстепена полуавтоматска секвенцијална трансмисија. „FasterOne“ нуди автоматска контрола и активен систем со погонот на сите четири тркала.

weber1

„Weber F1“ има 20-инчни тркала со гуми на „Pirelli“ кои се за високи перформанси и имаат димензии од 285/25 ZR 20 напред и 325/25 ZR 20  назад. Запирањето се одвива преку сопирачките кои имаат вентилирани керамички дискови со димензии 380 x 34 мм. Но овој модел има и воздушна сопирачка благодарение на задното крило, кое може да се префрли во целосна вертикална положба само за 50 милисекудни.

Шасијата е целосно од јаглеродни влакна и тежи само 65 килограми. „Weber F1“ забрзува од 0 до 100 km/h за 2.5 секунди, а максималната брзина е повеќе од 400 km/h. Производството на овој концепт ќе стартува следниот месец, но се уште не е позната цената за која ќе може да се добие овој суперавтомобил.

 

 

.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП