25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООзил бара да му го продолжат договорот

Озил бара да му го продолжат договорот

Mesut-Ozil

Германскиот репрезентативец Месут Озил изразил желба да го обнови договорот со клубот, па поради тоа во скоро време ќе има средба со раководството на Реал Мадрид, соопштува весникот “АС”.

Сегашниот договор на Озил со „кралевите“ е до летото 2016-та година.

Според информациите од Реал Мадрид се подготвени да му понудат продолжување на договорот на Месут Озил до летото 2018-та година.

Покрај тоа, раководството на Реал Мадрид ќе му понуди и подобри финансиски услови на германскиот репрезентативец.

Во моментов Озил добива плата од 5 милиони евра годишно.

Агентот на Озил, Реза Фазели потврди дека веќе разговарал со претставници на Реал Мадрид во врска со продолжувањето на договорот на неговиот клиент и во скоро време ќе биде се познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП