25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата трансакција во ИТ историјата

Најголемата трансакција во ИТ историјата

804dc2e1e03a9c2d840f6a706700a230

Технолошката компанија „Dell“ го договори купувањето на компанијата специјализирана за складирање податоци „EMC“ за околу 67 милијарди долари.

Ова ќе биде најголемата трансакција во технолошкиот сектор.

„EMC“, која доминира во складирањето на податоци, со оваа трансакција ќе биде споена со „Dell“, кој го зазема второто место во секторот за сервери, пренесува Блумберг.

Мајкл Дел ќе биде директор и претседател на новата комбинирана компанија, а се очекува дека договорот ќе биде склучен на крајот на следната година.

„Dell“ планира да плати 24,05 долари по акција плус акцитте на компaнијата на „EMC“ „VMware“ кои вредат околу девет долати. Така акциите на „EMC“ се вреднувани на 33,15 долари, што е за 19 проценти над вредноста која ја имаа во петокот на затворањето на берзата.

„VMware“, кој е специјализиранa за „облак“ компјутерски технологии, досега подружница на „EMC“ ќе стане независна компанија.

„Dell“ од 2013 година кога стана приватна компанија која не е на берзата, започна со инвестирање во истражувањето и развојот на бизнисот со софтверот и услугите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП