19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVenator наскоро и во сериско производство

Venator наскоро и во сериско производство

spajker

Новиот мал „Spyker V6 Venator“ би требало место на пазарот да си избори во конкуренција на автомобилите како што е „Porsche 911“. Спортскиот модел има каросерија која во целост е изградена од карбонски влакна и има алуминиумска платформа што и осигурува маса од прифатливи 1400 килограми.

За придвижувањето е задолжен V6 мотор кој според првите податоци ќе развива повеќе од 375 KS, a погонот ќе биде на задните тркала со шестбрзински автоматски менувач. „Spyker“ корените ги влече од воздухопловството на што потсетуваат многу дизајнерски детали, како страничните LED светла кои се изведени во стилот на млазните мотори кај борбените авиони.

Иако „Venator“ се уште е концепт, сериската изведба би требала да започне со производство во 2014-та година. Цената и останатите детали ќе бидат познати во втората половина на оваа година.

spajker1

spajker2

spajker3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП