19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеизвесна иднината на Сеат

Неизвесна иднината на Сеат

2013-SEAT-Leon-Logo

Шефот на Сеат, Џејмс Муир, изјави дека судбината на овој производител на автомобили ќе зависи од продажбата во 2013-та година. Според неговите зборови иднината на брендот ќе биде осигурана само ако продажбата двојно се зголеми во однос на 2012-та година.

Сеат веќе подолго време се наоѓа во криза, а според најновите информации единствената можност да ги оддржи во живот е продажбата во 2013-та година да се зголеми за 100 проценти. Само за споредба тие во 2012-та година испорачаа само 320.000 возила во целиот свет.

Џејмс Муир проценува дека за целсоно закрепнување ќе им биде потребно да се зголеми производството на околу милион единици годишно. Тие сега се надеваат на новиот Леон кој би требало да ја зголеми продажбата во тековната година, по што Сеат ќе побара дополнителна финансиска инекција од Фолксваген за развој на идните модели.

Се шпекулира дека шпанскиот производител работи на кросовер возило кое на пазарот ќе им конкурира на моделите како што е Нисан Кашкаи.

Сеат на саемот во Женева го претстави Леон Спорт Купе, додека караван верзијата се очекува во текот на годината, а во 2014-та година сите три варијанти на моделот Леон ќе добијат и своја Купра верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП