16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje Македонија отвори ново Gorenje Студио во Скопје- промотивни попусти до 17...

Gorenje Македонија отвори ново Gorenje Студио во Скопје- промотивни попусти до 17 октомври(фото)

aaz

Gorenje Македонија денес официјално (08.10.2015) го отвори новото Gorenje Студио во Македонија. Станува збор за единствен концепт на изложбен салон каде е изложен голем дел од асортиманот на Gorenje по највисоки стандарди.

Gorenje Студио е лоцирано во општина Аеродром, на почетокот на Ново Лисиче, на улица Видео Смилевски Бато бр.2б, каде што потрошувачите ќе имаат уникана прилика да ги видат сите најнови апарати на регионалниот лидер во продажба на апарати за домаќинство – Gorenje вклучувајќи ги и атрактивните дизајнерски линии:  Karim Rashid, Gorenje ORA ITO, Simplicity, Classico, како и ретро колекцијата на Gorenje.

Освен големиот избор на машини за перење и сушење од најновата генерација и вградни апарати за готвење, во Gorenje Студио потрошувачите ќе имаат и голем избор на мали кујнски апарати.

gee

Директорот на Горење, Ненад Јовановиќ вели: „Од пред неколку години, развивме нов уникатен концепт на изложбени салони, сопствени малопродажни објекти наречени Горење Студио. Со слоганот „сé за Вашиот дом на едно место“ Горење Студио преставува изложбен простор на голем дел од асортиманот на Горење по високи стандарди кои важат за сите европски држави. Во нив има бела техника, мали апарати за домаќинство, бојлери и клима уреди од Горење. Наскоро очекуваме и промоцијата на дизајнираната линија апарати за домаќинство од страна на Филип Старк, еден од најголемите модерни дизајнери на денешницата, која беше презентирана оваа година на ИФА саемот во Берлин. Со оваа инвестиција воведуваме нов и иновативен продажен концепт и ги применуваме високите стандарди на малопродажни објекти и во Македонија.“

gbb

По повод отворањето на првото Gorenje Студио во Македонија, потрошувачите од 8 до 17 октомври ќе можат да купуваат со промотивен попуст!

gaa

gcc

gdd

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП