28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИстражители во седиштето на Volkswagen

Истражители во седиштето на Volkswagen

sediste vw0032

Службеници на германските правосудни органи во врска со скандалот со софтверот за мамење на еко-тестовите кој го тресе германскиот произведувач на автомобили „Volkswagen“ денеска извршиле пребарувања во седиштето на групацијата во Волфсбург, како и во канцелариите во другите градови, објави обвинителството на Брауншвајг.

Целта на овие истражни дејствија била запленување на документација и носачи на информации, коишто би можеле да ги појасната околностите за споменатиот скандал, како и да укажат на лицата коишто би можеле да бидат одговорни за прекршувањата, додале од обвинителството.

Компанијата „Volkswagen“ се најде во центарот на скандалот откако беше откриено дека во возилата на концернот е вграден софтвер кој овозможува да се заобиколат острите еколошки стандарди во САД. Истраги против овој производител на автомобили, започнаа и во повеќе земји во Европа и во Азија.

Како што беше истакнато во соопштението на „Volkswagen“, со проблемот со лажните податоци на еколошките тестови за емисијата на штетните гасови се опфатени околу 11 милиони возила ширум светот, чии софтвери ќе бидат заменети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП