23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА го суспендираше и Платини

ФИФА го суспендираше и Платини

michel-platini-2011

Претседателот на УЕФА Мишел Платини доби 90-дневна суспензија поради обвинувањата за корупција. Претходно идентични казни добија претседателот на ФИФА Сеп Блатер и генералниот секретар на оваа организација Жером Валке.

Платини е инаку главен кандидат за наследник на Сеп Блатер на чело на ФИФА, но сега е прашање дали поради суспензијата ќе му биде дозволено да се кандидира.

Французинот најавите дека ќе биде суспендиран ги нарече оркестрирани напади со цел да се уништи неговиот углед пред изборите во ФИФА.

Минатата недела, Платини се најде во центарот на најновиот скандал откако беше откриено дека во 2011-та година добил 1,5 милиони евра за работатата која ја извршувал во ФИФА од 2002-ра година.

Претседателот на УЕФА минатата недела даде исказ пред главниот швајцарски обвинител во врска со овој случај, а потоа обвинителот изјави дека Платини е „нешто помеѓу обвинет и сведок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП