25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell води преговори за купување на EMC?

Dell води преговори за купување на EMC?

dell emc 003

Третиот најголем производител на персонални компјутери во светот – „Dell“, води преговори за купување на компанијата за чување на податоци „EMC“, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извор кој е запознаен со целата ситуација.

Договорот може да се претвори во еден од најголемите во технолошкиот свет. Тоа може да се покаже како можност за „EMC“, која е под притисок од страна на инвеститорот активист „Eliott Management“ да се оддели од „VМware“ во која е мнозински сопственик.

Условите на зделката се дискутираат, но не се обелоденети. Но, ако таа стане реалност, ќе го стигне предлогот на „Avago Technologies“ кон „Broadcom“ за 37 милијарди долари. „EMC“ е со пазарна вредност од околу 50 милијарди долари.

„Dell“ води преговори и со банките за финансирање на договорот со „EMC“, коментира еден од изворите, кој побарал да остане анонимен, бидејќи преговорите се чуваат во тајност.

Портпаролите на „Dell“ Дејвид Флинк и на „EMC“ – Дејв Фармер, одбиваат да коментираат.

Трансакцијата може дополнително да го зајакне присуството на „Dell“ меѓу корпоративните клиенти во момент во кој основачот на компанијата Мајкл Дел се обидува да ја претвори во целосен компјутерски услуги за бизниси, како „Hewlett-Packard“ и „IBM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП