28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопствениците на БМВ се најбогатите луѓе во Германија

Сопствениците на БМВ се најбогатите луѓе во Германија

semejstvo bmw 33

Семејство Квант, сопствениците на автомобилскиот концерн „БМВ“, остануваат на чело на листата на најбогатите луѓе во Германија според рангирање на германското списание „Менаџер“, пренесоа агенциите.

Меѓутоа загубата на 4,5 милијарди евра во акции по скандалот со „Фолксваген“, сопствениците на „БМВ“ – братот и сестрата Штефан Квант и Сузане Клатен уште поседуваат имот со вкупна вредност од 26,5 милијарди евра.

На второ место се Георг и Марија Елизабета Шефлер, инвеститори во „Континентал“, водечки светски производител на авто делови. Нивното богатство се зголемило за 3,4 милијарди евра во минатата година и веќе изнесува 20 милијарди евра.

Некогашните лидери во рангирањето – сопствениците на синџирот супермаркети „Алди“, веќе го заземаат третото место, главно поради одлуката да го поделат бизнис. Така семејствата Албрехт и Хајстер кои управуваат со синџирот во јужна Германија, можат да се пофалат со богатство во износ од 19 милијарди евра. Семејството на Тео Албрехт Џуниор што го држи бизнисот во Северна Германија е на шестото место со 16,9 милијарди евра.

Ривалот на „Алди“, „Лидл“ е петти. Богатството на основачот на синџирот Дитер Шварц се проценува на 17 милијарди евра.

Семејство Рајман, кои се едни од сопствениците на лондонската меѓународна компанија за производи за широка потрошувачка „Reckitt Benckiser“ се на четвртото место со 17,6 милијарди евра. Неодамна тие ја создадоа една од најголемите компании за кафе во светот заедно со „Jacobs Douwe Egberts“.

Рангирањето на списанието „Менаџер“ е изготвено врз основа на јавно достапни информации. Слична листа објави во септември и списанието „Bilanz“. Таму рангирањето беше предводено од семејството Шефлер, бидејќи богатството на Квант и Клатен беше оценувано одделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП