25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank најавува голема загуба во третото тромесечје

Deutsche Bank најавува голема загуба во третото тромесечје

db banka 333

„Deutsche Bank“ предупреди дека ќе извести за нето загуба од 6,2 милијарди евра во третото тромесечје и можеби ќе се откаже од исплата на дивиденди во оваа година.

Од банката најавија отпис во износ од 5,8 милијарди евра што во „најголем дел е резултат на очекуваните високи регулаторни барања за капиталот…и актуелните очекувања поврзани со продажбата на „Postbank“.

Дополнителни 1,2 милијарди евра групата ќе стави на страна за трошоците на правните спорови.

Банката е вмешана во скандал со местење на референтните камати на меѓубанкарските позајмици на лондонската берза (Либор), а швајцарските власти покренаа против нив истрага и заради сомнеж дека ги договарале цените на берзата на благородни метали.

Германската банка исто така отпиша 600 милиони евра вредност во речиси 20 отстотниот удел во кинеската „Hua Xia Bank“.

Бизнис извештајот „Deutsche Bank“ ќе го објави на 29-ти октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП