24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивската „сапуница“ продолжува: SABMiller одби 104 милијарди долари

Пивската „сапуница“ продолжува: SABMiller одби 104 милијарди долари

SABMiller plc

Втората најголема пивара во светот, „SABMiller“ (Лондон), ја одби понудата за превземање на најголемиот производител на пиво во светот, белгиски „Anheuser-Busch InBev“, вредна 104 милијарди долари.

Oва е трета понуда која „SABMiller“ ја одбива од најголемиот ривал, но прва која е јавно одбиена.

Од „SABMiller“ сметаат дека понудата е значително под очекуваната цена.

Од друга страна, извори од „Anheuser-Busch InBev“ тврдат дека „SABMiller“ одбива да направи увид во своите финансии, поради тоа тие неможат да понудат сума која е базирана на вистинската вредност на компанијата.

Доколку дојде до соединување на овие две компании, а крајниот рок е 14-ти октомври, новата компанија ќе произведува една третина на пиво во свестот и ќе вреди околу 250 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП