28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп ја прифатил понудата на Ливерпул

Клоп ја прифатил понудата на Ливерпул

jur

Англиските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп ја прифатил понудата на Ливерпул и дека во четврток ќе потпише тригодишен договор со ’црвените’.

Официјалната промоција во нов менаџер на Ливерпул Клоп би требало да ја има претстојниот викенд, а дебито би го имал на 17 октомври на мечот со Тотенхем во Лондон.

Инаку Клоп не ги коментира најавите од Англија дека неговиот трансфер во Ливерпул е завршена работа.

„Нема што да кажам. Нема дефинитивно да, ни дефинитиво не“, изјавил тренерот за Bild.

Клоп има 48 години, во кариерата бил тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд каде се етаблираше во врвен тренер. Со тимот од Дортмунд освои две титули во Бундеслигата, два трофеи во Купот и три во Суперкупот на Германија, а во 2013 година играше во финалето во Лигата на шампионите.

Претходниот менаџер на Ливерпул Брендан Роџерс во неделата доби отказ поради лошиот старт во сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП