28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФејзулаху: Македонија има одлични можности за развој на сточарството

Фејзулаху: Македонија има одлични можности за развој на сточарството

moo

Во Република Македонија има околу 600 илјади овци, но ако се има предвид квалитетот на летните пасишта, но и нивната големина во земјата, нивниот број може да достигне до два милиона.

Ова за Макфакс го изјави  директорот на Јавното претпријатие  „Пасишта на Македонија“, Лулзим Фејзулаху  за време на неговиот престој во Дебар, при посетата на претставници на Косовското министерство за земјоделие, кои имаа средба со претставниците на дебарското здружение на сточари.

Директорот Фејзулаху нагласи дека во Македонија има 700 илјади хектари пасишта кои имаат бујна вегетација и изобилство на води. Оваа е гаранција за тројно зголемување на бројот на овците  во земјава. Исто така според него државните субвенции за сточарите се од големо значење за зголемување на бројот на стадата на овци во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП