19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстерлох: Нема да има откази во “Volkswagen”, но бонусите...

Остерлох: Нема да има откази во “Volkswagen”, но бонусите…

bent

Долгогодишниот претседател на Советот на компанијата, Бернд Остерлох рече пред 20.000 вработени во таа компанија дека аферата со манипулација на издувните гасови нема да резултира со делење откази, како за постојано вработените, така и и за работниците во лизингот.

“Во моментов ова е добра вест, сеуште нема последици по работните места”, рече Остерлох.

Но, рече Остерлох, кој беше цитиран од “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, сеуште не се знае колку ќе биде намалена добивката поради тој скандал, а тоа сигурно ќе влијае на бонусите.

Во последните години поголемиот дел од работниците во компаниите во Германија можат да им позавидат на вработените во “Volkswagen”. Минатата година добија бонус по 5.900 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП