19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги намали прогнозите за светскиот економски раст

ММФ ги намали прогнозите за светскиот економски раст

imf

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ги намали прогнозите на глобалниот економски раст по падот на цените на суровините и несигурноста на финансиските пазари.

ММФ ги намали прогнозите на глобалниот економски раст за 0,2 отсто, односно на 3,1 отсто, во однос на летната прогноза, кога проценуваа дека светската економија ќе расте за 3,3 отсто. Како што нагласуваат, растот од 3,1 отсто би бил најбавен од 2009 година.

Главниот економист на ММФ Маурис Обстфелд изјави пред новинарите дека постои сè поголем ризик од негативниот тренд, но дека не постои стравување од глобална рецесија.

Од падот на цените на суровините најмногу се погодени Бразил, за кој се предвидува смалување од три отсто и Русија, за која се предвидува пад од 3,8 отсто.

Намалувањето на цените на енергенсите ја погоди и Канада, на која ММФ и предвидува раст од 1,5 отсто.

Во проблеми е и кинеската економија, која забавува четврта година по ред.

Забавувањето на растот во Кина ја намали побарувачката на суровини од земјите во развој, што ги турна цените на нафтата, бакарот и другите материјали.

Јапонската економија оваа година ќе има раст од 0,6 отсто, што е исто така полошо од претходните прогнози за раст од 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП