28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПредпремиера на Buick LaCrosse

Предпремиера на Buick LaCrosse

buick

„Buick“ го претстави „2014 LaCrosse“ пред дебито на овој модел на авто-саемот во Њујорк. Опишан е како „ориентир за луксузните седан модели“ кој има нови браници, ревидирана решетка со LED светла. Промените се помалку забележливи на задниот дел од возилото.

Меѓутоа тие вклучуваат дополнителни хромирани украси и редизајнирани задни светла. Кабината доби бројни промени, вклучувајќи ја и дигиталната инструмент табла, редизајнирана е централната конзола, како и нов „IntelliLink“ информационо-забавен систем.

buick1

Исто така возилото доби унапредени седишта и репозициониран менувач. Моделот е понуден и со новиот ултра луксузен пакет кој додава кожни седишта, дрвени украси и синтетички сомотски украси.

Кога станува збор за техничките карактеристики „LaCrosse“ поседува неколку нови безбедносни системи како што се „Side Blind Zone Alert“, „Lane Change Alert“, „Lane Departure Warning“, „Forward Collision Alert“ и многу други.

buick2

Овој модел ќе биде понуден со два различни мотори. Основниот модел ќе има 2.4 литарски четирицилиндричен мотор кој развива 182ks и 233Nm вртежен момент. Овој мотор е надополнет со електричен кој допринесува за дополнителни 15ks и 107Nm вртежен момент.

Возачите исто така можат да се одлучат и за 3.6 литарски V6 мотор кој развива 304ks и 358Nm вртежен момент. Двата мотори се поврзани со шестостепен автоматски менувач кој може да биде поврзан со системот за погон на сите четири тркала.

buick3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП