25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP ќе плати над 20 милијарди долари за катастрофата во Мексиканскиот Залив

BP ќе плати над 20 милијарди долари за катастрофата во Мексиканскиот Залив

bp oman

Нафтениот гигант „BP“ ќе плати над 20 милијарди долари казни поради нафтата која се истури во Мексиканскиот Залив пред пет години, објави „Ројтерс“.

Така ќе бидат покриени речиси сите побарувања и ќе биде постигнат најголемот договор што Владата на САД го има постигнато со една компанија. Трансакцијата ќе биде конечно финализирана по одобрувањето на окружниот суд во Луизијана.

Оваа сума е поголема од наведените 18,7 милијарди долари во јули оваа година. „BBC“ забележува дека во 20-те милијарди долари влегуваат некои плаќања кои „BP“ веќе ги има направено.

Парите ќе бидат искористени од федералната влада на САД и од државните власти во погодените области, за да се покријат штетите за животната средина и за економијата. Казните ќе бидат исплатени во фази во текот на 18 години.

„Историскиот договор е стабилен и соодветен одговор на најголемата катастрофа за животната средина во историјата на САД“, рече министерот за правда Лорета Линч во понеделникот.

20-те милијарди долари се дополнителни кон другите 43,8 милијарди долари, кои „BP“ ќе ги плати за кривични и граѓански санкции и за чистење. Компанијата вели дека вкупниот износ што ќе плати за штетата е 53,8 милијарди долари пред оданочување.

По објавувањето на договорот акциите на „BP“ на њујоршката берза поскапеа за околу 3% до 33,45 долари за готово, откако инвеститорите го поздравија договорот.

При инцидентот на платформата „Deepwater Horizon“ на 20-ти април 2010-та година загинаа 11 работници, а над 3 милиони барели нафта истекоа во Мексиканскиот залив. Катастрофата сериозно му наштети на рибарството и доведе до промени во правилата за безбедност и активностите во итни ситуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП