19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПронајдете ја најдобрата мобилна тарифа за вас

Пронајдете ја најдобрата мобилна тарифа за вас

caaa

Колку пати досега ви се случило да платите многу повисока сума од редовната тарифа на вашиот мобилен телефон? Ретко кој од нас посветува време да ја разгледа детално тарифата за телефонската сметка, сите тие опции, точки, ситни ѕвездички се навистина конфузни, па и досадни за читање. Но,токму поради тоа,многу често се случува да преплатиме.

Сакајќи да им помогне на сите корисници на мобилни телефони, тим на ентузијасти направи нова алатка: „Тарифа по мерка“ која може да ви помогне во оптимизирање на трошоците. Врз база на вашите реални историски податоци – која тарифа ја користите, на што трошите најмногу, Тарифа по меркагенерира препораки кои ви нудат најдобри цени.

На интернет страницата www.tarifapomerka.com можете да ги дознаете сите „скриени“ поддточки на вашиот договор, да пресметате што ве чини најмногу, а во исто време и да одберете најповолна цена од сите оператори во Македонија. За пристап од мобилен телефон, можете да ја користите и мобилната верзија.

Проверете ја Тарифа по мерка, одберете го најповолното решение за вас и никогаш повеќе не плаќајте повеќе од потребното за вашиот мобилен телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП