24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во пораст, Русија подготвена да разговара за производството

Цената на нафтата во пораст, Русија подготвена да разговара за производството

nafta 02

Цената на нафтата порасна денеска на светските берзи откако Русија објави дека е подготвена да се состане со останатите производители и да разговара за состојбата на пазарот во контекст на прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот порасна 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,63 долари. Во истиот износ порасна и на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 46,04 долари.

Цената на нафтата е поттикната и со податоците за петтиот неделен пад по ред на активните ископини во САД.

Од Русија минатиот викенд пристигна сигнал за подготвеност за разговор со останатите производители околу состојбата на пазарот на нафта.

Москва е подготвена да се состане со производителите од OPEC и со останати производители доколку биде свикан состанок, рече рускиот министер за енергетика. Тој информираше дека за крајот на октомври се планира да се организира одвоен состанок на руски и саудиски функционери.

Русија спаѓа меѓу трите најголеми производители на нафта на светот и досега не беше подготвена да преговара за намалување на производството, што би поттикнало раст на цените. Така Москва во ноември минатата година одби соработка со OPEC, одредувајќи ја како приоритет одбраната на пазарниот удел.

Руското производство на нафта достигна во септември ново рекордно месечно ниво од распаѓањето на Советскиот сојуз, од 10,74 милиони барели дневно и покрај падот на глобалната цена на сировата нафта во август на најниско ниво од шест ипол години.

Москва инаку го разлути водечкиот производител во OPEC, Саудиска Арабија и останатите држави во регионот на Персискиот залив поради поддршката на сирискиот претседател Бараш ал-Асад со воздушните напади на позициите на терористичките групи во Сирија.

„Поради геополитичка напнатост создадена со руската интервенција во Сирија, соработка со OPEC е малку веројатна. Сепак, разговорите за таква соработка краткорочно ги поддржува цените“, смета Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates.

Јо-Јин Канг, аналитичар во сеулски NH Investment&Securities вели дека глобалниот пазар на нафта е презаситен и дека секој разговор за намалување на производството е охрабрувачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП