19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефовите на Air France бегаа од протести без кошули

Шефовите на Air France бегаа од протести без кошули

odbor air france

Неверојатни сцени можеа да се видат во седиштето на авиокомпанијата „Air France“ во понеделникот кога шефовите на компанијата без или со искинати кошули бегаа од состанокот преку ограда, откако вработените дојдоа да штрајкуваат, по одлуката да се отпуштат 2.900 работници

Четири синдикати свикаа протести откако на состанокот беше откриен планот за кратење на работни места, по што тој беше прекинат од неколку стотини вработени, во седиштето на компанијата во предградие на Париз.

Менаџерот за човечки ресурси, речиси бил линчуван, а морал да се качи на ограда за да избега, вели еден делегат на синдикатот. Виден е како добива помош да ја прескокне оградата облечен во костум, но со искината кошула.

Извршниот директор, исто така, бега од состанокот, како и директорот на аеродромот „Орли“, кој речеиси без кошула придружуван го напушта местото, прескокнувајќи ја оградата.

Менаџментот го осуди насилството во изјава, и се закани дека ќе поднесат пријава во полицијата, иако признаваат дека само неколкумина од групата биле насилни личности.

Францускиот секретар за државен транспорт, Ален Видал, го осуди насилството, и повика насилниците да бидат казнети.

Штрајкувачите сметаат дека постигнале симболична победа кога шефовите на компанијата решиле да го прекинат состанокот.

И лидерите на синдикатите го осудија насилството и велат дека можат можат да се борат против раководството без да бидат насилни.

„Air France“ претходно инсистираше во понеделник сите летови да се одвиваат нормално, но подоцна изјавија дека имало неколку доцнења.

Компанијата се соочува со тежок период и е истисната од конкуренцијата, па се обидува деновиве да ги убеди пилотите кои на годишно ниво земаат 250.000 евра плата, за истата плата да работат дополнителни 100 часа.

Преговорите не успеаја минатата година, со што менаџментот беше присилен да оди на алтернативна верзија со скусување на работни места.

Француската влада, која поседува 17,6 отсто од компанијата, ги критикуваше пилотите, а премиерот Мануел Валс, рече дека со таков цврст став нема да се стигне никаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП