19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБернанке: Повеќе директори требаше да одговараат за кризата во 2008.

Бернанке: Повеќе директори требаше да одговараат за кризата во 2008.

benbernanke1

Поранешниот претседател на американската централна банка Бен Бернанке смета дека повеќе директори од Волстрит требало да завршат во затвор поради нивните постапки кои доведоа до финансиската криза во 2008 година.

Бернанке во интервју за весникот USA Today изјави дека американското министерство за правда и останатите агенции задолжени за криминални дела повеќе се фокусираа на истрагата и обвинувањата против финансиските компании.

„Јас повеќе би се насочил на истрага на постапките на поединци, со оглед дека се што тргна наопаку или беше нелегално сторено е од страна на поединци, а не од некоја апстрактна компанија“, рече Бернанке.

Бернанке, кој беше претседател на Фед за време на финансиската криза во 2008 година, вели дека не е на него да одлучува дали судски треба да се гонат одредени директори.

„Фед не е задолжен за тоа. За тоа се задолжени министерството за правда и други одговорни, а многу напори беа насочени на обвинување на финансиските компании.

Финансиската компанија, секако е законска фикции, не е човек и не може да биде пратена во затвор“, рече Бернанке.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП