19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСериозно забавува секторот за услуги во Велика Британија

Сериозно забавува секторот за услуги во Велика Британија

brit 333

Услужниот сектор во Велика Британија го има регистрирано најслабиот раст во последниве две години, според денеска објавените официјални податоци.

Индексот, кој ја надгледува активноста во секторот на услугите, изнесува 53.3 поени, или најниското ниво од април 2013-та година. За споредба, во август индикаторот изнесуваше 55.6 поени.

Резултатот се покажа далеку под просекот според очекувањата на аналитичарите за вредност од 56 поени. Податоците ги зголемуваат стравувањата за силно забавување на британската економија. Таа се очекува да забележи раст од 0,5% во третиот квартал од оваа година.

Овие резултати ги намалуваат и очекувањата на централната банка на земјата да прибегне кон зголемување на каматите на средбата која ќе се случи оваа недела, како и на претстојните средби до крајот на годината.

Фунтата се намали по објавените податоци, па сега се тргува на ниво од 1.5187 во однос на доларот. Сериозно намалување забележа британската валута и во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП